Достапни линкови

Опции за Македонија: Од посебен датум без пакет со Албанија, па се до септември како краен рок


Дел од заклучоците, на чие усогласување викендов ќе работат амбасадорите на ЕУ, се и оние што се однесуваат на датумот за почеток на преговори на Унијата со Македонија и на Албанија.

Повикувајќи се на дипломатски извори, МИА од Брисел, јавува дека и натаму сите опции се отворени - Од тоа Македонија и Албанија да бидат одвоени, односно да не се одлучува за нив во пакет, па се до тоа септември да се одреди како меѓник до кога би се оддолжувала одлуката за датум за преговори со Македонија.

Последната верзија за Македонија и за Албанија гласи дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење позитивна одлука во најкус можен рок и не подоцна од септември, јавува МИА повикувајќи се на дипломатски извори.

XS
SM
MD
LG