Достапни линкови

Хаменеи со порака до Јапонија дека Иран нема да преговара со САД


Иранскиот Врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи и јапонскиот премиер Шинзо Абе

Иранскиот Врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи му соопштил на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека неговата земја нема да го повтори „горчливото искуство“ во преговорите со САД.

Хаменеи на посетата со Абе во Техеран порачал и дека американскиот претседател Доналд Трамп не е „достоен за каква било размена на пораки и дека нема никаков одговор за него, ниту сега, ниту во иднина“.

Тој изјави и дека ветувањето на Трамп оти нема да бара промена на режимот во Иран е лага и оти не верува во понудата на Вашингтон за искрени преговори со Иран.

XS
SM
MD
LG