Достапни линкови

Генерал Ленгиел од Криволак: Го јакнеме сојузништвото на нашите армии


Кога некој одив во војна не оди да се бори сам, поради тоа потребна е соработка меѓу сојузниците, а не само градење на индивидуланите капацитети на армиите, порача денеска шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел, од воениот полигон „Криволак“, каде се одржува досега најголемата воена вежба на овој полигон со вкупно 2.700 војници и тоа од родовите пешадија, артилерија, специјални единици и авијација.

„Оваа вежба е да покаже колку е силен нашиот завет на партнерство. Вежбата„Одлучен удар“ испраќа јасна порака дека САД и нејзините сојузници работат заедно за нашата колективна безбедност и одбрана“, изјави ген. Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.

XS
SM
MD
LG