Достапни линкови

Премиерот Заев на средба со родители кои се против вакцинација


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за здравство, за образование и наука, за правда и за труд и социјална политика Венко Филипче, Арбер Адеми, Рената Дескоска и Мила Царовска се сретнаa со група родители кои не сакаат нивните деца да ја примат вакцината за заштита од вирусите на морбили, рубеола и паротит или МРП вакцина, соопшти владината прес-служба. На средбата, премиерот Заев истакнал дека одлуката на Владата да прогласи епидемија и да се спроведе вонредна вакцинација е донесена врз основа на научни факти и мислења на експерти. Родителите пак, изразиле став на несогласување за обврската нивните деца да ја примат вакцината и дека очекуваат тие да посетуваат градинка и да бидат запишани во училиште. Владата се заложила во претстојниот период да се спроведе јавна презентација на факти и медицински анализи пред сите засегнати страни, но пред сé пред родителите со цел темелно и точно да бидат информирани за вакцината.

XS
SM
MD
LG