Достапни линкови

Вардар во финале


Втор пат во три години Вардар ќе игра во финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, откако со 27:29 (16:9) ја победи големата Барселона, големиот фаворит, во второто полуфинале во јубилејното издание на елитната завршница. Првото полувреме заврши со негатива за Вардар од дури седум гола разлика, но во второто полувреме ситуацијата се подобри во корист на црвено-црните. Каталонскиот тим во последните 15 минути даде само два гола. Тимот на Парондо делуваше фокусирано во нападот и на крајот слави победа од 29:27.

XS
SM
MD
LG