Достапни линкови

Без оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра


Илустрација

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година.

„Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32 отсто од мониторираните тендери е добиена само една понуда. Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година“, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Според извештајот, зголемена е и бројката на жалби за 37 отсто. Фирмите во 2018 година доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки. Најновата анкета на центарот покажува деканајчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е “најниската цена” како единствен критериум, а потоа следи задоцнетото плаќање.

XS
SM
MD
LG