Достапни линкови

Вести

Феминистички партии: Правата на жените во Европа се загрозени

Протест против забрана на абортус, илустративна фотографија

Група феминистички политички партии денеска предупредија дека европските женски права се загрозени и побараа од Европскиот парламент да го декриминализира абортусот во пресрет на европските избори. Партии од Велика Британија, Шведска, Романија и Италија кои веќе се наоѓаат во Мрежата на обединети феминистки во Европа, бараат поради страв од порастот на поддршкта за десничарските партии, да се обезбеди можност за легален, сигурен и бесплатен абортус за сите жени во Европската унија. Тие, исто така, изразија загриженост дека потегот за ограничување на правата за абортус во Алабама и други држави на САД би можел да инспирира слични закони во Европа.

Неколку европски земји веќе имаат строги правила за прекинување на бременоста, како што е Северна Ирска во којае дозволено да се изврши абортус само доколку животот на жената е загрозен или ако постои траен ризик за нарушување на нејзиното психичко или физичко здравје. Литванија, Словачка, Шпанија и Полска дадоа предлози за целосна забрана во изминатите неколку години.

Абортусот не треба да се смета за кривично дело, било каде во Европа, сметаат членовите на групата, во којашто „нови членови може да се приклучат само ако дозволуваат легален, безбеден и бесплатен абортус“, наведуваат од Мрежата на обединети феминистки на Европа.

види ги сите денешни вести

Приведена соработничка на Навални

Љубов Собол

Љубов Собол, адвокатката на Фондацијата за борба против корупција на Алексеј Навални, е приведена од полицијата од засега непознати причини на само неколку часа пред планираните протести на национално ниво, со барање за итно ослободување на затворениот опозициски политичар.

"Полицијата спроведе план за "пресретнување ", извлекувајќи ја Љубов Собол од такси во близина на метро-станицата Автозаводскаја. Според неа, многу полицајци во униформи биле вклучени во нејзиното приведување. Не е јасно каде ја водат", напиша на Твитер, нејзиниот адвокат, Владимир Воронин.

Минатата недела, на Собол и беше изречена условна казна од една година за незаконско присилно влегување во станот на офицерот на Федералната служба за безбедност, Константин Кудријавцев во декември, неколку часа откако Навални објави снимка од, како што рече, телефонски разговор со Кудријавцев.

За време на 49-минутниот телефонски повик, во кој Навални се претставил како службеник на службата, Кудријавцев опишува детали за операцијата за труење на критичарот на Кремљ во август. Собол, која отишла во станбената зграда на Кудријацев да го испраша, го отфрли обвинението велејќи дека случајот е покренат за да ја замолчи.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, кадесе лекуваше по то со нервен агенс во Сибир. Состојбата на Навални нагло се влоши по штрајкот со глад од две и пол недели, што ги натера приврзаниците да кажат дека тој би можел да умре за неколку дена и повикаа на протест низ целата земја.

Истрага за убиството во Струга

Илистрација - Полиција, полициска СТОП лента.

Јавното обвинителство соопшти денеска дека телото на починатата 34 годишна жена од Струга што синоќа со нож ја уби нејзиниот сопруг, ќе биде дадено на обдукција.

„Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели, каде сопружниците биле во посета“, соопшти Јавното обвинителство.

Од местото на настанот, според соопштението, биле прибрани траги докази за вештачење, а ќе бидат испитани и сведоците на случувањата.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот“, појаснуваат од обвинителството.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

Кралицата Елизабета полни 95 години

Британската кралицата Елизабета Втора

Британската кралицата Елизабета Втора денеска официјално полни 95 години. Сепак, нејзиниот роденден традиционално се слави со спектакл низ Лондон познат како Trooping the Color, во јуни. Парадата низ центарот на Лондон до Бакингемската палата е откажана, поради ковид-19, по втор пат по ред, во 69-годишното владеење на кралицата. Настанот се одржуваше секоја година иако имаше моменти кога беше укинат, особено за време на Втората светска војна и во 1955 година, кога штрајкот на железницата го наруши превозот.

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

Оваа година, официјалниот роденден на кралицата се очекува да се слави приватно во замокот Виндзор, каде што живее откако го напушти Лондон по појавата на ковид-19 во март лани. Нејзиниот сопруг принцот Филип, војводата од Единбург, почина на 99-годишна возраст, а неговиот погреб - церемонијален кралски погреб наместо државен, се одржа во саботата во замокот Виндзор.

Русија ги отфрли критиките за одлуката за ограничување на пловидбата близу Крим

Воени вежби со бродови на НАТО, Црно море

Русија објави дека има право да ја ограничи навигацијата на странски воени бродови во Црното Море во близина на Крим, отфрлајќи ги обвинувањата на Украина и Западот. Украина протестираше минатата недела во врска со затворањето на Русија на големи делови на Црното Море во близина на Крим за странски воени бродови до ноември. Зачера и САД изразија загриженост за одлуката. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека тоа „претставува уште една неиспровоцирана ескалација во тековната кампања на Москва за поткопување и дестабилизација на Украина“.Прајс рече дека потегот е особено „загрижувачки заради веродостојни извештаи за акумулација на руски трупи на Крим и околу украинските граници“.

Бајден и Меркел ќе побараат од Русија да ги намали трупите на украинската граница

Европската унија исто така изрази загриженост за големиот број руски војници и ограничувањата на навигацијата. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека ограничувањата на странските воени бродови се во согласност со меѓународните договори, истакнувајќи дека таквото ограничување е вообичаена практика каде се одржуваат воени вежби. Тој рече дека ограничувањата нема да ја попречуваат трговската навигација. Русија исто така најави дека од воведува петдневна забрана за летање во воздушниот простор околу Крим. Оваа недела Русија одржува големи маневри во Црното Море. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека ваквите затворања на воздушниот простор се вообичаена меѓународна практика. Тензиите се зголемија во последните неколку недели со сè повеќе кршење на примирјето во источна Украина и акумулација на руски единици долж украинската граница.

Членките на ЕУ согласни за намалување на 55 проценти на стакленичките гасови

намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година?

Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ се согласија за новиот нацрт закон за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година. Претставниците на 27-те влади, Европскиот парламент и Европската комисија постигнаа договор денеска изутрината по повеќемесечни преговори. „Ова е значаен момент за ЕУ и силен сигнал до светот: нашата посветеност на климатски неутрална ЕУ ќе ги води нашите политики во следните 30 години“, напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс кој е одговорен за климата.

САД и ЕУ ја обновуваат соработката за климатските промени

Владите и парламентот на ЕУ сепак ќе мора официјално да го одобрат законот, но политичкиот договор сугерира дека тој ќе напредува и покрај противењето на Зелените дека тој не оди доволно далеку. Новата цел е зголемување од сегашната цел на намалување на емисиите што предизвикуваат глобално затоплување. Во меѓувреме, се очекува САД да објават нови цели за намалување на стакленички гасови кога претседателот Џо Бајден ќе биде домаќин на виртуелниот самит за климата на 22 април. Бајден покани 40 светски лидери да се состанат на Денот на планетата Земја, откако поранешниот претседател Доналд Трамп излезе од Париските климатски договори.

Грчката црква ќе им овозможи на верниците да присуствуваат на велигденските литургии

Грчката православна црква ќе им овозможи на верниците да присуствуваат на велигденските богослужби

Грчката православна црква објави дека ќе им овозможи на верниците да присуствуваат на велигденските богослужби следната недела, но ќе го ограничи бројот на луѓе во црквите и ќе одржува литургии порано во текот на денот за да остане во чекор со полицискиот час. Одлуката е донесена и покрај тоа што Грција бележи голем број нови инфекции и смртни случаи од коронавирус, а болниците се борат да се грижат за голем број пациенти на апарати за дишење. Православните служби за Велигден беа откажани минатата година, кога Грција имаше многу помалку потврдени случаи на инфекција.

Грција се отвора на 14 мај – вакцина, ПЦР-тест или прележаност за влез во земјата


Во исто време, централно-десничарската влада е под притисок да ги укине ограничувањата пред Велигденските празници, бидејќи илјадници луѓе во Атина ги игнорираат ограничувачките мерки и организираат целовечерни забави на отворено на градските плоштади при топло, пролетно време. Светиот синод објави дека на верниците не смее да им биде ускратено учеството во радоста на воскресението, кое обично се слави со полноќната литургија на Велика сабота. Оваа година, богослужбите ќе започнат во црковните дворови во 21 часот, на први мај, а потоа ќе се одржуваат литургии во црквите. Времето ќе биде ограничено за верниците да можат да се вратат дома пред полицискиот час во 22 часот. Одлуката на Синодот допрва треба да биде потврдена од владата.

Британскиот премиер го поздрави пресвртот во „Суперлигата“

Британскиот премиер Министер Борис Џонсон ја поздрави одлуката на шест премиерлигашки клубови да се откажат од поддршката за контроверзната елитна „Супер лига“ што може да го разниша европскиот фудбал. Пресвртот се случи по два дена откако клубовите од Британија, вклучувајќи ги тимовите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси, соопштија дека ќе им се приклучат на шест шпански и италијански тимови во ова натпреварување. Новата супер лига со седиште во Мадрид го најави своето започнување на 18 април со 12 клубови. Тие ги вклучуваат шпанските Реал Мадрид и Барселона и италијанските Милан и Јувентус. УЕФА и ФИФА, се заканија со забрани и санкции во врска со започнувањето ривалска лига. Фановите, играчите и менаџерите се изјаснија и во некои случаи се приклучија на јавните протести против Суперлигата. „Го поздравувам синоќешното соопштение“, изјави Џонсон, додавајќи: „Ова е вистинскиот резултат за љубителите на фудбалот, клубовите и заедниците низ целата земја. Ние мора да продолжиме да ја штитиме нашата негувана национална игра“. По повлекувањето на Британија, Суперлигата издаде соопштение во кое се навестува пауза за проектот со цел „да се преиспита“, но не и да се укине. „Имајќи ги предвид сегашните околности, ќе ги преиспитаме најсоодветните чекори за преобликување на проектот, секогаш имајќи ги предвид нашите цели да им понудиме на навивачите најдобро искуство, истовремено зголемувајќи ги солидарните исплати за целата фудбалска заедница“, велат поддржувачите од Мадрид.

Путин ќе има обраќање во рускиот парламент

рускиот претседател Владимир Путин

Во денешното обраќање за состојбата на нацијата на рускиот претседател Владимир Путин, како што е најавено во Москва, ќе формулира нов координатен систем и спроведувањето на задачите кои ќе бидат наведени во системот, им рече на новинарите спикерот на Советот на федерацијата, односно Горниот дом на парламентот, Валентина Матвиенко. „Ова ќе биде таква порака за „новото време“, би рекол, формулирање на нов координатен систем. Во меѓувреме, како и секогаш, ќе ги анализира главните тековни задачи, ќе ги потенцира клучните точки и ќе даде директни наредби“, - рече Матвиенко.

Американскиот амбасадор во Москва се враќа на консултации во Вашингтон поради зголемените тензии

Според неа, обраќањето на претседателот е клучен политички и јавен настан. „Во сегашната непријатна ситуација во светот, што претставува многу предизвици, вклучително и за Русија, дефинитивно ќе има посебно значење“, истакна таа.

Руските власти не дадоа дозвола за денешните протести за Навални

протест за Алексеј Навални

Московските власти соопштија дека не одобриле митинг за поддршка на затворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални, планиран за денеска, објави новинската агенција Интерфакс. Руските власти, кои ги растераа претходните митинзи и уапсија илјадници луѓе, изјавија дека планираните протести се незаконски и ги предупредија луѓето да не излегуваат на улица.

Состојбата на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални нагло се влоши по штрајкот со глад од две и пол недели, што ги натера приврзаниците да кажат дека тој би можел да умре за неколку дена и објавија протест низ целата земја.

„Алексеј сега умира. Со оглед на неговата состојба, тоа е прашање на денови“, изјави портпаролот на Навални, Кира Јармиш на Фејсбук. Поддржувачите на Навални повикаа на демонстрации низ Русија на 21 април преку објава на блог.

Лекарите кои сакаат да го прегледаат Навални повторно не биле примени во затворот

Американскиот претседател Џо Бајден беше прашан за состојбата на Навални во саботата. „Тоа е тотално, тотално нефер“, рече Бајден.

Навални (44) се наоѓа од 11 март во озлогласениот затворски камп ИК-2 на околу 100 километри од Москва. Критичарот на претседателот Владимир Путин беше затворен за прекршување на правилата за условен отпуст додека се опоравуваше во Германија од речиси фаталното труење во Сибир, за кое тој и западните влади го обвинија Кремљ. Руските власти негираат вмешаност.

Поранешниот полицаец е виновен по сите точки за смртта на Џорџ Флојд

Дерек Шовин

Поротата во судењето на Дерек Шовин го прогласи поранешниот полицаец од Минеаполис виновен за смртта на Џорџ Флојд. По нешто повеќе од 10 часа размислување, поротата од 12 лица на 20 април го прогласи Шовин за виновен за сите три обвиненија за убиство. 45 годишниот Шовин може да се соочи со децении затвор кога ќе биде осуден за два месеца. Правни експерти велат дека тој најверојатно ќе поднесе жалба. Смртта на Флојд на 25 мај 2020 година, при обид за апсење за фалсификувана сметка од 20 долари во продавница, поттикна неколкумесечни понекогаш насилни протести против тешката полициска тактика и предизвика национална пресметка за расни прашања. Снимка од апсењето покажа дека Шовин го држи со колено вратот на Флојд повеќе од девет минути.

Втора ноќ протести за смртта на еден Афроамериканец во Минесота


Претседателот Џо Бајден ја поздрави пресудата. Во национално телевизиско обраќање, Бајден рече дека смртта на Флојд е „убиство кое ги крена ролетните“ за целиот свет да ги согледа проблемите со расата и полицијата во Соединетите држави. Тој исто така повика на „соочување со системскиот расизам и расните разлики што постојат во полициското работење и во систем на кривична правда“. Претходно, Бајден разговараше телефонски со семејството Флојд. Минеаполис и другите градови беа подготвени на можноста пресудата да предизвика слични немири како минатата година, кога милиони низ целата земја се придружија на повеќемесечните протести кои понекогаш преоѓаа во смртоносно насилство и грабежи. Судењето во голема мера се потпираше врз видеоснимките од камерата на телото на полицајците, на кои се гледа како Флојд се бори со полицијата и видеото на случаен минувач во кое се слуша како Флојд им кажува на полицајците дека не може да дише.

Мерките за ограничување на движењето продолжуваат за уште една недела

Полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, Скопје март 2021

Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на ковид-19 ќе продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година, реши Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести. Како што информира владината прес-служба, исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници со ковид-19 кои дојдоа во Парламентот

„Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите, се вели во соопштението. Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри Протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 9 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 18 степени.

Прага бара од сојузниците „солидарни протерувања“ во спорот со Русија

Министерот за надворешни работи на Чешка Јан Хамачек

Чешка ги повика колегите членки на Европската унија и НАТО на „солидарна“ акција за поддршка, во услови на дипломатски препукувања меѓу Прага и Москва во врска со тврдењата на Чешка дека руски воени агенти стојат зад смртоносната експлозија во чешкото складиште за оружје во 2014 година.

Американскиот амбасадор во Москва се враќа на консултации во Вашингтон поради зголемените тензии

„Повикуваме на колективна акција од земјите на ЕУ и НАТО насочени кон солидарно протерување“, рече чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек денеска, откако претходно 18 руски дипломати идентификувани од чешките разузнавачи како разузнавачки оперативци ги напуштија своите места во Прага.

По ова и 20 Чеси вработените во амбасадата во Москва исто така беа принудени да заминат.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ за вмешаноста на Русија во експлозиите во Чешка

Хамачек пред новинарите изјави дека го повикал рускиот амбасадор Александар Змејевски да протестира против она што Прага го смета за непропорционален одговор. „Логично е доколку Чешка преземе понатамошни активности, рускиот амбасадор мора да биде првиот што ќе го слушне тоа“, рече министерот.

Кремаљ ги отфрли „неоснованите обвинувања“ на Прага и ги нарече чешките потези „неразумни и штетни за билатералните односи“.

За шестиот пакет издвоени 17,8 милиони евра, за ВМРО-ДПМНЕ мерката е задоцнета

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Шесттиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.

Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции.

На угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите. Дополнително ќе добијат по 15.200 денари финансиска поддршка за секое вработено лице за што ќе бидат одвоени 9,9 милиони евра со која ќе бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени.

Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свабди, евент индустријата, фитнес центрите и фотостудијата.

Mинистерот за финансии Фатмир Бесими на денешната заедничка прес-конференција во Владата на која беа презентирани мерките од шестиот пакет антикризни мерки кажа дека важно е што последните пакети кои ги донесе Владата покрај кризната поддршка, имаат и развоен карактер.

" Oвие мерки ќе придонесат во реализирањето на целта на шестиот пакет на мерки, а тоа е поттикнување на ликвидноста на стопанството, поддршка на компаниите кои ќе инвестираат годинава и ќе делуваат на забрзување на економскиот раст, како и во насока на поддршка на дејностите кои беа целосно затворени во третиот бран на кризата, рече Бесими.

Од денеска аплицирање за финансиска поддршка за плати од петтиот пакет мерки

За ВМРО ДПМНЕ ,пак, шестиот пакет мерки е задоцнет. Од таму посочуваат дека мерките нема да ги покријат загубите на најкритичните стопански дејности затоа што не одговараат на моменталната економска состојба во државата

"Скандалозно е носењето мерки дури по цел месец рестрикции, откако беше воведен полицискиот час, со кој се ограничи движењето на населението во вечерните часови, токму во времето кога погодените економски сектори го остваруваат приходот", се наведува во соопштението на опозициската партија.

Нови 31 починати и 766 заболени од ковид-19

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во последните 24 часа се направени 3171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 252, по што следат Битола со 80 новозаразени , Куманово – 64, и Прилеп со 41 заболени.

Министерството за здравство објави дека пријавени се вкупно 31 починато лице, од кои најмладиот е на возраст од 48 години, а највозрасниот на 84 години.

Регистрирани се 1118 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 147995, бројката на оздравени пациенти е 124828, на починати е 4509, а бројот на активни случаи изнесува 18658.

Од денеска аплицирање за финансиска поддршка за плати од петтиот пакет мерки

Илустрација. Пари, денари, просечна плата во Македонија.

Фирмите и самостојните вршители на дејност од денеска ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март.

Денеска ќе бидат објавени правилниците, согласно кои работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат да достават барање до Управата за јавни приходи.

За мерката се издвоени 31 милиони евра, а барањата ќе може да ги достават до 30 април. Ова го соопштија на заедничка прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на која и најавија дека денеска на Влада ќе се разгледува и Шестиот сет на мерки, за што набрзо ќе информираат на посебна прес-конференција.

Mерките ќе имаат позитивни ефекти, но економијата бавно ќе заздравува

За оваа антикризна мерка се издвоени 1,9 милијарди денари од буџетот, односно 31 милиони евра, а со неа ќе се опфатат околу 60 илјади работници. За секој работник ќе биде исплатена поддршка од 14.500 денари до 21.776 денари по месец. Висината на поддршката ќе биде утврдена во зависност од процентот на намалување на приходите на фирмите во последните три месеци пред месецот за кој се поднесува барање, во однос на истиот период претходната година.

Во месецот за кој се бара финансиска поддршка, работодавачот треба да има ист или поголем број вработени споредбено со месец декември 2020 година со исклучок на одјавените работници по оправдани основи согласно законот.

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ

Бугарскиот претседател, Румен Радев на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, соопшти дека според Уставот на Република Бугарија на партијата ГЕРБ, поточно на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада.

Радев најави дека очекува ГЕРБ да предложи состав на Советот на министри во рок од седум дена, со што ќе ги исполни очекувањата на јавноста за правда и економски раст во земјата.

Радев се консултира со партиите за нова бугарска Влада

Врачувањето на мандатот на Митов за формирање на новата бугарска Влада се случи само еден ден по завршувањето на политичките консултации со шесте парламентарни формации кај претседателот Радев.

Шефот на државата ги истакна комплексните безбедносни услови, пандемијата, економската и социјалната криза што бараат јасна одговорност и оперативно управување. За ова, според Радев, „потребни се оперативни и одговорни активности за формирање кабинет“.

Сè уште не е јасно дали ГЕРБ ќе обезбеди парламентарно мнозинство во 45-то Бугарско национално собрание и дали може брзо да го врати мандатот, како што шпекулираат медиумите во Бугарија. Според медиумските шпекулации, сосема е извесна можноста Бугарија да добие малцинска влада или да оди на предвремени парламентарни избори во Бугарија уште ова лето.

Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата

Амбасадата на Бугарија во Москва.

Амбасадорот на Република Бугарија во Москва, Атанас Крастин, е повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде му е соопштено дека двајца дипломати од бугарската Амбасада се прогласени за персона нон грата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Причина за ваквата постапка на руските власти е прогласувањето на двајца дипломати од руската Амбасада во Софија за персона нон грата за дејствијата што се некомпатибилни со Виенската конвенција.

Бугарското Министерство за надворешни работи ги прогласи двајцата руски дипломати за „персона нон грата“ на 22 март, поради тоа што спроведувале активности „некомпатибилни“ со нивниот дипломатски статус.

Руската амбасада тогаш ја нарече оваа одлука „неоснована“ и соопшти дека Москва го задржува правото да возврати.

Бугарија има блиски културни, историски и економски врски со Русија, која е главен енергетски партнер на земјата, но односите меѓу двете земји се погодени од неколку шпионски скандали во изминатите години.

На 19 март, бугарските власти објавија дека разбиле шпионска група која ѝ оддавала воени тајни на Русија. Обвинителите соопштија дека шест лица, вклучително и поранешни и сегашни воени разузнавачи, биле приведени и обвинети за оддавање класифицирани информации за Бугарија, НАТО и ЕУ на руската амбасада во Софија.

Воениот окружен суд во Софија одреди притвор за петмина од нив, додека шестиот е пуштен да се брани од слобода, објави новинската агенција БТА. Од октомври 2019 година, Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ, протера петмина дипломати и вработени во руската амбасада обвинети за спроведување разузнавачки активности.

Американскиот амбасадор во Москва се враќа на консултации во Вашингтон поради зголемените тензии

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници со ковид-19 кои дојдоа во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ лого

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери и двајца пратеници заразени со ковид-19 кои дојдоа на гласање во Собранието.

Опозициската партија смета дека со тоа е прекршен Кривичниот законик во делот за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија.

Собранието ги донесе антикризните мерки, гласаа и пратеници во скафандери

Претходно и Левица и нејзините пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа кривична пријава против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието Талат Џафери.

За СДСМ, пак, кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се неосновани и претставуваат "доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците".

"ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина", се наведува во соопштението на СДСМ.

Пратениците заболени од коронавирус со скафандери и заштитна опрема пред неколку дена дојдоа во Собранието за да овозможат кворум за работа.

Угостителите на протест пред Министерството за финансии

Празна кафеана во Скопје

Угостителите денеска протестираа пред Министерството за финансии, незадоволни од финансиската поддршка на нивниот сектор во време на пандемија.

Тие бараат помош во вид на грантови од 5 до 15 илјади евра, а за рестораните за свадби кои се затворени повеќе од една година грантови од 50 илјади евра.

Туристичките работници пак бараат рокот на ваучерите кои не се искористија лани да биде продолжен до крајот на 2022 година. Финансиска помош побараа и туристичките водичи и претставниците на игротеки.

Владата најави дека ќе разгледува шести пакет мерки за помош на стопанството во кои ќе се предвиди помош и за угостителско туристичкиот сектор.

Бајден - За договор меѓу Косово и Србија се потребни компромиси

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден ѝ порача на косовската претседателка Вјоса Османи дека го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија, што треба да се финализира со меѓусебно признавање на двете држави, но смета дека во тој процес се потребни компромиси.

Во писмото до Османи, што нејзиниот кабинет го дистрибуира денеска до приштинските медиуми, Бајден вели дека САД ќе ги поддржат напорите за постигнување траен мир меѓу двете држави.

„САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите за постигнување траен мир преку продуктивен дијалог меѓу Косово и Србија и конечен сеопфатен договор за нормализација, што веруваме дека ќе се финализира со меѓусебно признавање“, пишува Бајден.

Според американскиот претседател, нормализацијата на односите со Србија е од суштинско значење за Косово „за да го реализира својот потенцијал за интеграција во евроатлантските структури“.

„Знам дека за да се постигне тоа се потребни флексибилност и тешки компромиси и на тој пат Соединетите Држави ќе бидат ваш партнер во секој чекор“, порача Бајден.

Филипче - Со стратешкиот договор со „Торлак“ обезбедуваме сигурен извор на вакцини во иднина

Венко Филипче

Многу е веројатно дека вакцината против КОВИД-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конференција со српскиот колега Златибор Лончар.

На прашање од МИА, за какво стратешко партнерство станува збор, Филипче појасни, дека било разговарано за капацитетите кои ги има институтот „Торлак“ за производство на месечно ниво, откако ќе започне со производство, како и за проценките за потребите на Србија и земјите од соседството.

„Сметам дека производствениот капацитет ќе биде сосема доволен, за првиот следен момент кога ќе бидат потребни вакцини, да ги обезбедиме од институтот „Торлак“. На тој начин, согласно тоа како ќе се одвива пандемијата и препораките за вакцинација и дали евентуално ќе треба и трета доза или можеби оваа вакцина ќе стане сезонска, да обезбедиме еден стабилен и сигурен извор од каде можеме да добиеме вакцина“, изјави Филипче.

Во однос на тоа дали ваквиот стратешки договор, ќе ги наруши односите со другите производители, Филипче рече дека во овој момент веќе имаме нарачано доволна количина вакцини од повеќе производители, кои се доволни за да се постигне саканиот процент на имунизација на населението.

„Тоа значи дека за секој следен чекор или секоја следна набавка, која треба да ја направиме, прво место на кое ќе се обратиме, а согласно капацитетите за производство, нашите потреби целосно ќе бидат задоволени, ќе биде институтот „Торлак“, рече Филипче.

Српскиот министер за здравство Лончар информира дека во Србија досега против ковид-19 се вакцинирале нешто под 15 илјади македонски државјани.

„Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно“, порача Лончар.

Грција се отвора на 14 мај – вакцина, ПЦР-тест или прележаност за влез во земјата

Илустрација: Плажа во Грција

Отвораме на 14 мај и ова треба да биде јасно. На 14 мај отвораме, порача министерот за туризам на Грција Харис Теохарис од Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на претседателката и пратеничката група на Движење на промена за туризмот.

Теохарис објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна да се спроведува, а првиот чекор беше направен вчера со отворање за државјаните на ЕУ и пет други земји и истакна дека ќе продолжат со мали отворања се до 14 мај, кога ќе може да се отвори туризмот и за Европската унија и „за други 15 трети земји, кои се најсуштински и важни“.

За копнените граници рече дека отворањето започна постепено со дозволен влез во Грција преку Бугарија и од уште еден премин, а не само од Промахонас (Кулата) како што беше досега, истакнувајќи дека ќе отворат сите гранични премини.

Тој објасни дека постојат пет точки и предуслови за безбедно отворање, а првиот е негативен тест или потврда за вакцинација за еден турист да влезе во Грција и истакна дека за ова „не постои алтернатива“.

„Ова е предуслов за сите земји. Не може некој да дојде ако не е вакциниран, ако не покаже дека оздравел или ако нема негативен тест за да влезе. Ова важи за сите“, истакна Теохарис и додаде дека по случаен избор, на посетителите ќе им се вршат брзи тестови, па дури и на оние кои што се вакцинирани, што всушност е и втората безбедносна точка.

Третата е карантинот, односно изолацијата во хотелите-карантин на оние кои ќе бидат позитивни и тоа заедно со нивните семејства.

Теохарис објасни дека е веќе одлучено и ќе се спроведе вакцинација на вработените во туризмот како приоритетна група, но само откако ќе заврши процесот на имунизација на најранливите категории.

Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа над 266 илјади вакцини

Вакцинација во Албанија

Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа 266.190 дози вакцини, со што вкупната бројка на добиени вакцини се искачи на над 703 илјади дози.
„Првата пратка од 50 илјади, која беше донација од Индија, пристигна во неделата вечерта, вчера попладне пристигнаа уште 208 илјади од „Синовак“, со што се заокружува договорот постигнат со оваа компанија. Доцна синоќа пристигна пратка од 8.190 дози од „Фајзер“. Досега вкупно имаме добиено 703.550 дози“, објави на Фејсбук министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

Таа додава дека тоа значи продолжување со несмалена динамика на процесот за масовна вакцинација на населението кое според стратешкиот план треба да се заокружи до следната пролет.

„Досега се имунизирани се 345.934 лица и ќе продолжиме сè додека не се вакцинира секој граѓанин. Вакцинацијата на целата популација планираме да заврши до следната пролет“, наведува таа.

Исто така информира дека Австрија од мај до август ќе испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на шест земји од Западен Балкан од кои 145 илјади ќе бидат за Албанија.

Лекарите кои сакаат да го прегледаат Навални повторно не биле примени во затворот

Лекарката Анастасија Васиљева чека да биде пуштена во затворот да го прегледа Навални

Тимот лекари кои сакаат да го прегледаат затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални биле одбиени од затворот, каде што тој добива лекарска помош поради влошување на здравјето. Навални веќе три недели штрајкува со глад.

Личната докторка на Навални, Анастасија Васиљева и шефот на Алијансата на лекарски синдикати, денеска соопштија дека група лекари дошле до затворот и побарале да го видат Навални, но безуспешно чекале неколку часа.

„Ни беше кажано да дојдеме во 8 изутрина со пасоши, но не нè пуштија“, напиша Васиљева на Твитер.

Здравјето на гласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин драматично се влошува во последните денови и тој може да добие срцев удар во секој момент, вели Васиљева и тројца други доктори, меѓу кои и кардиолог, во писмото до Руската федерална затворска служба од минатата недела во која бараа пристап до Навални.

Опозиционерот беше префрлен во болница во друг затвор за време на викендов, а затворските власти рекоа дека неговата здравствена состојба е задоволителна.

Навални почна штрајк со глад на 31 март во знак на протест против недостигот на третман за неговите заболувања на грбот и нозете. Неговата сопруга информира дека тој ослабнал 17 килограми.

Адвокатот на Навални, кому му било дозволено да го види клиентот неколку минути, рече дека тој изгледа лошо.

Западните лидери изразија загриженост за здравствената состојба на Навални.

Во меѓувреме руските власти апсат поддржувачи на Навални ширум земјата.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG