Достапни линкови

Горди и поделени до бескрај


Колаж - Папата Франциск со Зоран Заев, Тамара на Евровизија и избори 2019
Колаж - Папата Франциск со Зоран Заев, Тамара на Евровизија и избори 2019

Етикетирање, недоличен говор од „бојкотирачите, но и од „подржувачите“. Тамара и нејзината „Горда“ е само последен пример кој ја покажува длабоката поделба во македонското општество.

Бојкот на референдумот. Бојкот на изборите, па на папата Франциск, па дури и повици да не се гласа за Тамара на евровизиско шоу. И сето тоа со голема доза на невкус и отворена омраза кон оние што мислат поинаку. Од друга страна, опонентите често со не помала жестина им реагираат на бојкотирачите. Македонската претставничка на Евровизија Тамара и нејзината „Горда“ е само последен пример кој ја покажува длабоката поделба во македонското општество.

Имаше повици да не се учествува на избори затоа што со тоа ќе се промовирала промената на името на земјата, а од друга страна на мета беше и дијаспората со пораки на луѓето кои живeт таму да им се одземат пасошите. Професорот Ило Трајковски вели дека поделеноста во македонското општство е штетна за националаните интреси.

„Станува збор за различни пројави на политизација на општеството која ја имаме какао изразен феномен, дури беше прашање дали да се оди со такво име или не. Луѓето не успеваат да направат дистанца меѓу тоа што е шоу бизнис и политика. Но од друга страна и реакциите кои ги има во однос на обвинување на дијаспората дека треба да се одземат пасоши мислам дека едната и другата страна, кога велам страни, алудирам на поделбата во македонското општество реагираа многу нерационално и дури последиците и по двете се негативни“, вели професорот Тројаковски.

Тој дополнува дека и евентулано негласање или неподршка на Евровизија заради препоставка дека тоа значи прифаќање на новот име, има само негативни последици. И обратно и именувањето на дијаспората, како што истaкнува професорот Трајковиски има послeдици за продлабочување на поделбата и дополнува дека и двете страни губат во тоа меѓусебно уништување.

"Ова последното треба да ни покаже дека и покрај тоа што државата го смени името луѓето пеат и ќе пеат. Можеби треба време да помине тоа да се прифати како реалност и тоа нема да го промени идентитeтот и нивните способности да се изразуваат спортски и уметнички", вели професорот Трајковски.

Дел од експертите велат дека реакциите на луѓето во врска со случувањата на изборот за песна на Евровизија се вообичаени и дека очекувано е на вакави манифестации да излезат на површина разногласијата кои постојат на друго ниво.

"Во краја линија и самата Евровизија како впрочем и спортските настапи и настани од широк дијапазон се всушност некаков вид промовирање на држави и многу е нормално дека има тука емоции и страсти и искористување на целиот настан да биде забележана одредена држава и слично. Тоа не карактеристично само за нашата земја туку за сите држави и нормално е дека на вакви истурени настани ќе излезат разногласија кои постојата на друго ниво" вели професорката Мирјана Најчевска.

Таа дополнува дека не мисли дека тоа може да се нарече едноставно само шоу бизнис или нешто што може да се издвои од политиката.

„Во се што се случува се манифастираат сите оние разијдувања, разногласија или условно кажано караници кои се одвиваат на политички план, и тоа е нормално. Прво Евровизија е еден прилично политички настан. Прво од аспект на она што претставува гласање кога може да се види очигледно дека пријателски настроени држави гласаат за своите пријатели, не гласаат за оние што условно не им се пријатели или се форсира некоја држава од многу политички причини, независно каква е песната” вели професорката Најчевска.

Инаку, поддршка на македонската претставничка на Евровизија која пееше за надминување на бариерите кон жените имаше од лидерите на политичките партии. Но ретко кој од власта или политичарите го осудуваат говорот на омраза во јавноста, а институциите не применуваат мерки.

Но експертите велат дека цензурата не го решава проблемот на поделеност и недоличен говор. Тие посочуваат дека е здраво за едно демократско општество да има дискусија, критика и различни мислања но оти треба да има и спремност да се согледаат аргументите и чувствата на другите без притоа тие "да се помножуваат со нула" и да се обесчовечуваат.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG