Достапни линкови

Прва парада на гордоста во Скопје на 29 јуни


Илустрација

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија соопшти дека првата Парада на гордоста на скопските улици ќе се одржи на 29 јуни.

Антонио Михајлов на денешната прес-конференција ја нагласи потребата од што е можно поголема поддршка и активно учество од сите чинители: политичари, јавни личности, активисти, уметници за солидаризација со ЛГБТИ луѓето.

Тој порача дека Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн. Кочо Андоновски посочи дека земјата е последна од регионот која организира Парада на гордоста.

XS
SM
MD
LG