Достапни линкови

Заев: Честитки Тамара, одамна не сме биле олку горди


Тамара Тодевска, го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.

" Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!", напиша Заев на Фејсбук.

Со изведбата Тамара освои 237 поени од стручното жири и долго време беше на првото место на табелата. Но со 58 поени од телевоутингот на крајот заврши на осмото место, на натпреварот кој беше неизвесен до последен момент.

Победата на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, му припадна на Данкан Лоренс од Холандија со песната „Arcade“

Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.

XS
SM
MD
LG