Достапни линкови

Заев се сретна со поранешниот претседател Црвенковски


Архивска фотографија од 22 Конгрс на СДСМ каде присуствуваат Заев и Црвенковски.

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со поранешниот претседател Бранко Црвенковски во својство на член на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот, соопшти владината прес-служба.

Црвенковски за време на средбата го информирал Заев за иницијативата Подгоричкиот клуб на почетокот на јуни да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат.“

Целта на конференцијата, како што истакнал Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршка за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на ЕУ со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегле од одложувањето на овој процес.

Заев ја прифатл поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците во настанот, соопштуваат од Владата.

XS
SM
MD
LG