Достапни линкови

СПЦ: Сите политички фактори да продолжат со дијалогот за Косово


Илустрација - знаме на Косово.

Позицијата на Српската православна црква (СПЦ) е дека Косово е составен дел на суверената територија на Сирбија, соопшти денеска Светиот архиерејски сабор на СПЦ отфрлувајќи ја како неприфатлива „каква било промена на статусот на Косово“ која води кон признавање на Косово како независна држава или на која било варијанта на територијална поделба.

Во соопштението објавено по редовното мајско заседание, Соборот на СПЦ ги отфрли решенијата за признавање или поделба на Косово, наведувајќи дека тоа „неизбежно ќе доведе до иселување на мнозинството од преостанатиот српски народ што живее во мнозинските албански заедници во Косово и до непроценлива штета на српското духовно и културно наследство.“

Соборот исто така наведува дека овој став не значи поддршка на идејата на таканаречен замрзнат конфликт, туку оти претставува повик сите политички фактори да продолжат со дијалогот, без притисоци и уцени.

XS
SM
MD
LG