Достапни линкови

Пендаровски и Заев ќе соработуваат за стратешките цели - ЕУ и НАТО


Прва средба на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

На првата официјална средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев била договорена соработка за стратешките цели на државата– членство во Европската унија и во НАТО, информира Кабинетот на претседателот. Тие ја нагласиле потребата од усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во земјава за да се остварат евроатлантските перспективи и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Ова е нивна прва средба откако Пендаровски ја презема функцијата претседател. Заев не присуствуваше на инаугурацијата, туку испрати видео порака.

XS
SM
MD
LG