Достапни линкови

Обвинетите за Диво насеље бараат меѓународна истрага и не го признаваат Судот


Архивска фотографија од судскиот процес за Диво насеље.

Обвинетите за настаните во „ Диво насеље“ на денешната седница на апелациониот суд рекоа дека не го признаваат судот и побараа меѓународна истрага. Дел од обвинетите ги навредуваа судиите и покрај објаснувањата на судиите дека јавната седница е на барање на обвинетите и дека доколку сакаат може и да не присуствуваат на неа. Обвинетите велеа дека судиите се дојденци, а дека земјата е Албанија.

Тие бараат да дојдат сите сведоци кои ги предложиле, меѓу нив и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ѓорге Иванов, Али Ахмети, Муса Џафери, а бараат и да се објават видео-снимките од 9 и 10 мај од борбите снимени од камерите на специјалните полициски сили, а кои снимки ги поседува судот.

Седницата на Апелација треба да продолжи утре.

Судот во 2017 осуди на доживотен затвор седум луѓе, а 13 луѓе беа осудени на казни по 40 години во затвор, шест на 20 години, еден на 18 и по двајца на 14, односно 13 години затвор за Диво насеље.

XS
SM
MD
LG