Достапни линкови

Грчкиот Парламент ги изгласа договорите за нови гранични премини кон земјата


Грчкиот парламент, илустрација

Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано. На гласањето му претходеше расправа што траеше околу час и половина. На пленарната седница се обратија 10 пратеници од различни партии, а последна говореше алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу.

XS
SM
MD
LG