Достапни линкови

Сугарески не очекува да биде разрешен


Министерот Горан Сугарески

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени. Но, доколку премиерот Зоран Заев донесе таква одлука, тој порача дека ќе ја почитува.

Сугарески при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор исто така порача дека очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.

Тој наведе дека моментно се работи на околу 90 проекти за над 700 километри патишта, мостови и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра.

XS
SM
MD
LG