Достапни линкови

„Турмак“: Месечната кирија за канцеларијата на Ѓорѓе Иванов во „Џевахир скај сити“ е 1950 евра


По информациите во дел од медиумите во врска со месечниот надомест кој државата ќе го плаѓа за кирија за канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, попладнево соопштение до јавноста испратија од компанијата Турмак АД – Подружница Скопје.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274м2 деловен простор изнесува 1950 евра“, информираат со соопштение.

XS
SM
MD
LG