Достапни линкови

Анѓушев: Предметот на Антикорупциска ќе покаже дека се е законски


Вицепремиерот Кочо Анѓушев

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека постапката што против него денеска ја покрена Антикорупциската комисија за доделувањето земјиште за хидроцентралата „Тополки“ ќе докаже дека во случајот се е законски и без судир на интереси.

Според него, договорот за земјиштето е потпишан во 2015 година, кога е добиена и концесијата за хидроцентралата и во време кога не бил член на Владата и не можел да влијае на постапката.

Тој во пишана изјава до медиумите ја поздрави одлуката за отворање постапка, посочувајќи дека во секој момент е на располагање на комисијата за дополнителни прашања.

XS
SM
MD
LG