Достапни линкови

Во Црна Гора повеќегодишни казни затвор за обидот за пуч во 2016 година


Од изречувањето на пресудата на обвинитетите за обидот за воен пуч во Црна Гора, Подгорица, 09.05.2019.

Во Црна Гора денеска беа осудени 14 лица кои добија повеќегодишни казни затвор за тероризам и за создавање криминална организација за насилно соборување на владата во октомври 2016 година и за попречување на кандидатурата на земјата за влез во НАТО. Црногорските власти соопштија дека тие имале план да го окупираат парламентот за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство.

Осудени се тројца Црногорци меѓу кои и двајца водачи на црногорскиот опозициски Демократски фронт, девет државјани на Србија и двајца наводно руски воени разузнавачи. Официјална Москва ги отфрли обвинувањата дека „руски државни тела“ биле инволвирани во заговорот. Црна Гора во јуни 2017 година стана 29 членка на НАТО.

XS
SM
MD
LG