Достапни линкови

Интерпол не сака да ја објави меѓународната потерница за Груевски


Меѓународна потерница за Никола Груевски

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска денеска изјави дека Интерпол одбил да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија.

Потерницата се однесува за предметот за насилствата во Собранието на 27 април, а Груевски е осомничен како организатор на настаните. Рускоска по конференцијата за борба против корупцијата посочи дека не добиле образложение од Интерпол зошто не ја објавуваат потерницата за Груевски како и за поранешниот началник во УБК Никола Бошковски, кој е исто така осомничен во случајот.

Меѓу осомничените во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер Спиро Ристовски и поранешниот спикер Трајко Вељановски. Рускоска претходно најави дека до крајот на мај ќе биде покренато обвинение за случајот.

XS
SM
MD
LG