Достапни линкови

Јункер: Не може да го споредувате Туск со Сталин и Хитлер


Жан Клод Јункер

Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, денеска изјави дека „се неприфатливи споредбите на официјалниот претставник на ЕУ, Доналд Туск со Сталин и Хитлер, како што тоа го направила полската државна телевизија“.

Туск, поранешниот полски премиер и главен ривал на националистичката партија Право и правда (ПИС), која сега е на власт, упати жестоки критики на сметка на владата во говорот за време на посетата на Варшава минатата недела, објави „Ројтерс“.

„Полската државна телевизија, за која многумина веруваат дека е контролирана од страна на владејачката партија, се обиде да го дискредитира Туск опишувајќи го како политичар кој е повеќе склон да им служи на интересите на Германија, отколку на полските интереси“, пренесува агенцијата.

XS
SM
MD
LG