Достапни линкови

Преброени над 90 отсто од гласовите, над 60.000 гласови разлика за Пендаровски


Резултати при преброени 90 отсто од гласовите

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК, од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто.

Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто или 25.909. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти. На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795.577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.

XS
SM
MD
LG