Достапни линкови

Папата ги повика Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигрантите


Папата Франциск денеска допатува во Софија.

Папата Франциск ги повика Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигрантите, тврдејќи дека една земја како Бугарија, која го губи населението кое емигрира, треба добро да ги разбере оние кои се принудени да ги напуштат своите татковини.

Папата денеска пристигна во Софија, каде ќе се сретне со членовите на малата католичка заедница во земјата и ќе го посети бегалскиот центар Враждебна. Папата исто така, се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија централно-десничарска коалициска влада вклучува и анти-мигрантски партии. Владата повика на затворање на границите на ЕУ со мигранти и ја затвори својата граница со Турција со оградата од бодликава жица. Групите за човекови права и Европската комисија ја обвинија Бугарија за кршење на законите за азил на ЕУ.

„Молитвите на папата Френциск за мир се исклучително важни за нашиот регион што се протега од Украина на исток кон Западен Балкан“, рече Борисов додека го пречекуваше папата на аеродромот во Софија.

Папата по посетата на Бугарија, ќе ја посети и Македонија.

XS
SM
MD
LG