Достапни линкови

Елон Маск ќе поврзува компјутер со човечки мозок


Елон Маск, еден од најголемите иноватори на денешницата, откри дека наскоро ќе почне со работа на неговиот стартап наречен Неуралинк - реално поврзување на луѓето и компјутерите, објавија агенциите. Неуралинк е технологија, односно хардвер, кој претставува машина за подобрување на човечкиот мозок преку поврзување на мозокот со компјутер.

Оваа технологија беше најавена уште пред три години, но ни сега, како ни тогаш, никој не сака да ги открие деталите и начинот како таа вистински функционира. Она што за сега се знае е дека Маск ја потврдува информацијата и дека Науралинк ќе работи како мрежа на ултрависока фреквенција која ќе го поврзува човечкиот мозок со компјутер за да ги подобри неговите функции.

XS
SM
MD
LG