Достапни линкови

Излезноста до 10 часот меѓу претходните претседателски избори и референдумот


Претседателски избори во Северна Македонија 2019

Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 10 часот е пониска за речиси 3 проценти доколку се спореди со бројката од претходните избори за шеф на државата, кои се одржаа пред 5 години.

ДИК соопшти дека до 10 часот на денешниот прв круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто.

На претседателските избори кои во 2014 година се одржаа заедно со парламентарни избори излезноста на гласањето во првите три часа од отворањето на избирачките места, според тогашните податоци на ДИК, изнесуваше 8,93.

На гласањето на референдумот за името на 30 септември минатата година во тој период имало најниска излезност во однос на претседателските избори кога гласале само 5,2 проценти.

XS
SM
MD
LG