Достапни линкови

Синдикалната потрошувачка кошница тешка 530 евра


На едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати. Според минималната кошница најмногу пари или 13.870 биле потребни за храна, додека за сметки за домување биле потребни минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

XS
SM
MD
LG