Достапни линкови

Возачи без дозвола превезувале ученици во Гостивар


Полицијата во последната контрола на комбиња низ Гостивар открила низа прекршоци кои ја згрозуваат безбедноста во превозот на ученици од средните и основните училишта. Откриени се тројца возачи зад волан седнале без возачка дозвола.

„При контролата, откриени се 9 возила со претовар на патници, 8 возачи без лекарско уверение, 3 возачи без положен возачки испит и еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Во полициската акција биле опфатени опфатени 35 возила (комбиња) со кои се превезуваат ученици, при што констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци вели полицискиот портпарол.

XS
SM
MD
LG