Достапни линкови

Димитров-Куик: Нагорен тренд во македонско-грчките односи и соработка


Теренс Николаос Куик и Никола Димитров

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик, денеска и утре престојува во работна посета на Скопје. Како што информираат од МНР, на средбата со министерот Никола Димитров било изразено задоволство од нагорниот тренд со кој се развиваат односите и соработката, согласно начелата на Договорот од Преспа и интензивната билатерална комуникација меѓу двете земји.

„Заеднички беше констатирано дека историската посета на грчкиот претседател на Владата, Алексис Ципрас и потпишаните договори, означуваат значаен исчекор во конкретизирање на соработката, особено таа на економски план и преку-граничното поврзување,“ се наведува во соопштението од МНР.

Министерот Димитров се заблагодарил за поддршката од Грција за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, истакнувајќи дека со заедничка доверба и волја, може да се решат сите прашања кои ги засегаат двете држави.

XS
SM
MD
LG