Достапни линкови

Манчевски: Префрлувањето на административците во приватниот сектор ќе биде доброволно


Министерот Дамјан Манчевски

Префрлувањето на вработените во јавниот сектор ќе биде во консултации со нив, изјави денеска министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски. Тој не открива за колкав број луѓе станува збор, ниту кога ќе стапи на сила ова законско решение.

„Нема потреба административците да се плашат од начинот на кој ќе биде спроведено тоа. Сè ќе биде доброволно, но факт е дека нешто мора да направивме во реформата на сиситемот и оптимизација на вработените во јавниот сектор. Ситуацијата не може да остане статус кво“, изјави Манчевски.

Министерот Манчевски најави дека реформите ќе се прават во консултација со сите засегнати, за разлика од 2015 кога, како што рече, немало дебата. Измените на законите, според него, во јуни или јули треба да влезат во собраниска процедура.

XS
SM
MD
LG