Достапни линкови

Наставниците во Полска втора недела во штрајк


Претседателот на главниот синдикат на наставници, Славомир Брониарц

Штрајкот на наставниците во Полска влезе во втората недела, а полската влада им порача дека нема пари за да се исполнат барањата на штрајкувачите. Наставниците бараат зголемување од 30 отсто оваа година и истакнуваат дека заработуваат помалку од касиерките во супермаркетите, објави АП.

Сепак, десничарската влада објави дека има пари само за половина од износот што го бараат наставниците, а министерката за образование, Ана Залевска изјави дека нема пари за зголемување во буџетот во 2019 година. Претседателот на главниот синдикат на наставници ЗНП, Славомир Брониарц, рече дека тие не ги прифаќаат зборовите на Залевска и бараат итни нови преговори со владата.

XS
SM
MD
LG