Достапни линкови

АВМУ: Медиумите не известувале со голем интензитет за кампањата


Во првите девет дена од кампањата, националните медиуми повеќе се концентрирале на активностите на претседателските кандидати, а некои од нив во вестите воопшто не известувале за локалните избори или патем спомнаа некој од кандидатите, покажува првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што го објави денеска.

Регионалните и локалните медиуми пак, според АВМУ, биле поконцентрирани на локалните избори за својата општина, но со мали минутажи, со исклучок на ТВМ со седиште во Охрид која во поголемиот дел од вестите информирала за активностите поврзани со кампањата
за градоначалник.

„За претседателската кампања не се известуваше со голем интензитет, поради што може да се каже дека времето алоцирано за кандидатите не е доволно големо за да се извлечат оценки за тоа колку е почитуван принципот на еднаква распределба на времето меѓу тројцата кандидати, односно дали е постигнат баланс во известувањето. Сепак, наодите даваат индиции за тоа дали и како е запазен принципот на еднаквост“, се вели во соопштението од АВМУ.

Нивната анализа утврдила неколку пристапи на известување во медиумите. Некои од нив настојувале да обезбедат еднаквост во распределбата на времето што го одвоиле заедно за кандидатите и за партиите кои ги поддржуваат, други настојувале да обезбедат приближна
еднаквост на времето меѓу кандидатите.

Извештајот се однесува на начинот на известување на радиодифузерите во текот на изборната кампања за периодот од 1 до 9 април 2019 година. Со миниторингот биле опфатени вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии.


XS
SM
MD
LG