Достапни линкови

Подигнато обвинение против поранешниот директор на „Фолксваген“


Обвинителството во германскиот град Бранзвик денес покрена обвинение против поранешниот директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн, во врска со манипулациите на „Фолксваген“ на тестовите за мерење на штетните гасови. Обвинението е поднесено против уште четворица други менаџери во компанијата.

Како што објави обвинителството, Винтеркорн е обвинет за исклучително сериозен случај на измама, злоупотреба на довербата и нарушување на конкуренцијата, бидејќи по 25 мај 2014 година, кога се дозна дека е манипулирано со дизел-моторите, не преземал ништо. Според обвинителите, Винтеркорн не ги известил властите во Европа и во САД за нелегалниот софтвер, ниту пак клиентите, ниту пак го спречил понатамошното инсталирање на софтверот.

Пред околу една година, Соединетите Држави подигнаа обвинение против Винтеркорн, обвинувајќи го за заговор за да го прикрие скандалот со емисиите на штетни гасови од дизел- возилата на „Фолксваген“.

XS
SM
MD
LG