Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да го избрка шефот на централниот штаб на СДСМ


Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател, да го избрка од својот тим Ѓорѓи Галетановски, кој е директор на ЗОО, но и шеф на централниот штаб во Скопје, бидејќи наводно на фејсбук ја навредил Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа портпаролот Наум Стоилковски, станува збор за коментар на Галетановски објавен на неговиот фејсбук-профил.

„Велат, „логички у Бардовци треба да оди“ и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска-Давкова“, изјави Стоилковски.

Галетановски за медиумите изјави дека тој не ја навредил Силјановска и дека како и многу други луѓе само ги споделува гафовите на Сиљановска-Давкова.

XS
SM
MD
LG