Достапни линкови

ММФ ги продолжува преговорите за излез од економската криза на Пакистан


ММФ, лого

Тимот на Меѓународниот монетарен фонд кон крајот на месецов ќе отпатува во Пакистан за да ги продолжи преговорите околу пакетот поддршка со цел да го извлечат регионот од економска криза. Во соопштението на ММФ е наведено дека нивниот тим ќе пристигне во Пакистан кон крајот на април по барање на властите. ММФ бара целосно објавување на податоците за сета финансиска соработка на Пакистан и Кина вклучувајќи ја и помошта за развој на инфраструктура, нуклеарни централи како и заедничко производство на воени авиони и набавка на подморници. ММФ ги бара и деталите за 6,5 милијарди долари во комерцијални кредити кои Пакистан ги доби од Кина во изминативе две ипол години.

XS
SM
MD
LG