Достапни линкови

Регулаторна комисија ќе ги менува правилата за исклучување од парно


Нема да им се забранува на потрошувачите од системот за топлинска енергија да се исклучат, но ќе треба да покажат дека обезбедиле поефикасен начин на греење за разлика од топлинската енергија, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.Тој објасни дека не може да се дозволи сите исклучени да почнат да се греат на струја затоа што електродистрибутивната мрежа во Град Скопје не е подготвена да издржи толкав товар од потрошувачи кои би се грееле на струја.

„Сите мерки кои ги презедовме и ќе ги преземаме во иднина се за да го задржиме системот за дистрибуција на топлинска енергија и да обезбедиме што е можно повеќе потрошувачи да се приклучуваат. При тоа, водиме сметка и за оние потрошувачи кои останаа верни на системот,“ одговори Бислимовски на новинарско прашање на Генералното собрание на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори што денеска се одржува во Скопје.

Тој посочи дека Регулаторната комисија покрена иницијатива пред Владата да добијат соодветна награда потрошувачите кои останале верни на системот за топлинска енергија во Град Скопје. Од една страна исклучените од системот нема потреба да плаќаат, но од друга страна за приклучените потрошувачи ќе биде изготвен нов тарифен модел.

XS
SM
MD
LG