Достапни линкови

Нова рунда разговори за законот за јавно обвинителство


Рената Дескоска

Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат денеска во 15 часот, соопшти Министерството за правда. Министерката за правда Рената Дескоска оцени дека ВМРО-ДПМНЕ со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство има намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да се запрат сите постапки. Законот за јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство и е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

XS
SM
MD
LG