Достапни линкови

САД сметаат дека независно СЈО е важно за враќање на довербата во судството


Микаела Швајзер Блум, вршителката на должноста амбасадор на САД во Македонија

Специјалното јавно обвинителство има многу важна улога во напорите во вашата земја за враќање на довербата во независното судство, во барањето одговорност за криминалите во минатото и во борбата против корупцијата, изјави денеска вршителката на должноста амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајзер Блум.

„САД сметаат дека е многу важно ингеренциите и независноста на СЈО да бидат задржани и во иднина. Борбата против корупцијата и злоупотребата на службената положба да продолжи, а одговорноста да биде почитувана. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат
да имаат канцеларија што ќе ја врати нивната верба во судството и владеењето на правото“, истакна Швајзер Блум.

Во однос на преговорите што се во тек, таа посочи дека сите треба да имаат на ум дека е многу важно за секој граѓанин на Северна Македонија да има доверба во институциите и да верува во независна и еднаква правда.

Прашана дали тоа значи дека го поддржува сегашниот предлог закон за СЈО, Швајзер Блум, рече дека силно верува и оти искуствата од останатите држави покажале, дека независна канцеларија на СЈО со можност до крај да ги заврши процесите е важна за враќање на
владеењето на правото и независно судство.

XS
SM
MD
LG