Достапни линкови

Џафери за Законот за СЈО ќе чека да завршат изборите


Архивска фотографија - Претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со новинарите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да закаже седница за законот за СЈО за време на предизборна кампања без разлика дали за тоа ќе се договорат партиите. Џафери на брифинг со новинарите рече дека постои формална можност во тој период да се закаже седница, но дека тоа нема да го стори, оти се покажало дека на такви седници пратениците тераат предизборна кампања. Законот за јавно обвинителство е дел од реформските закони кои ЕУ ги бара од земјата. Џафери вели дека нема да се задоцни со носењето на реформските закони, оти и Извештајот на ЕУ за земјава ќе доцни малку, заради изборите за Европскиот Парламент.

Тој вели дека откако ќе завршат изборите, на кои се надева дека ќе има нов претседател, на седница ќе ги стави реформските закони на кои претседателот Ѓорге Иванов не стави потписи. Џафери вели дека тие закони ќе чекаат потпис од новиот претседател за да бидат објавени во Службен весник. А ако не се избере претседател ни во вториот круг, тогаш не се исклучува можноста тој да ги потпише законите, оти во тој случај тој ќе биде вршител на должноста Претседател.

Џафери апелираше за фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG