Достапни линкови

Собранието го усвои законот за ново министерство


Собрание

Собранието денеска со двотретинско мнозинство ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законот предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Потребата за прераснување на Секретаријатот во министерство, според предлагачите, произлегла од тоа што Рамковниот договор бил веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација. Законот беше најавен во септември, а на владина седница беше усвоен во декември лани.



XS
SM
MD
LG