Достапни линкови

Помпео со предупредување до Лавров за Венецуела


САД и земјите од регионот нема да стојат на страна додека Русија ги влошува тензиите во Венецуела соопшти денеска портпаролот на Стејт Департмент Роберт Паладино. Тој додаде дека американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рекол дека испаќањето на воен персонал на Москва во Венецуела ги зголемува тензиите и предупредил дека Вашингтон нема да „стои на страна“.

Телефонскиот разговор меѓу Помпео и Лавров доаѓа откако венецуелските власти соопштиле дека руски авиони пристигнале во Каракас викендов како дел од тековна воена соработка. Информациите дека два руски воени авиони пристигнале во Каракас не е потврдена од друг извор. Русија јавно го поддржува венецуелскиот претседател Николас Мадуро. САД и десетици други држави го поддржуваат опозицискиот лидер Хуан Гваидо.

XS
SM
MD
LG