Достапни линкови

Најмалку 17 луѓе загинале во поплава во Иран


Поплави во Иран

Најмалку 17 луѓе загинале при последните поплави кои настанаа од обилни дождови во иранската провинција Фарс. Локалните власти соопштија дека во главниот град на оваа провинција Шираз се повредени над 70 луѓе и дека меѓу загинатите има и три деца. Иранскиот оддел за метеорологија предупреди на можни поплави во неколку области во Иран. Иранскиот претседател Хасан Рохани нареди сите надлежни да бидат целосно подготвени за справување со поплавите.

XS
SM
MD
LG