Достапни линкови

Заев: Не се пропаднати преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО


Премиерот Зоран Заев не верува дека се пропаднати разговорите за законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој изјави дека може да се дојде до решение зад кое би застанале сите и дека до крајот на месецов може да се затвори ова прашање.

„Мислам дека има време, иако Парламентот не работи за да не даде политички алатки на политичарите и на пратениците да се злоупотеби заради камапња, тогаш може да се свика седница во април. Не би сакал оваа тема да се злоупотреби во кампањата. Добро би било да го затвориме ова прашање пред кампањата, изјави премиерот.

Во однос на улсовите од опозицијата, Заев изјави дека за него е прифатливо се што е уставно возможно,и прифатливо за граѓаните.

Денеска почнуваат разговори и со помалите политички партии и помалите парламентарни групи.

XS
SM
MD
LG