Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кавга за македонската економија


Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска спореа за тоа дали има економски напредок во Македонија. Според портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, Македонија на чело со Владата на Зоиран Заев се движи кон силна економија.

„Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри: Раст на БДП од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година, рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година, индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%), најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари) и петти параметар - платите растат, а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%“, вели Костадинов.

За ВМРО-ДПМНЕ сето ова е „манипулација со граѓаните“.

„За тоа колку подобро живеат граѓаните говорат бројките од 500.000 сиромашни граѓани, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија, освен децата на функционерите од СДСМ кои земаат натпросечни плати. Македонија има мизерни 2,05% БДП кои се многу далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше. За прв пат во историјата јавниот долг надмина 5 милијарди евра“, реагираше Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG