Достапни линкови

ДИК ги потврди кандидатурите на претседателските кандидати


Прес-конференција на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите за претседател на државата поднесени од Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Од Комисијата соопштија дека на денешната седница ДИК ги разгледала листите за Претседател на Република Северна Македонија од кандидатите Пендаровски, Силјановска – Давкова и Река, констатирала дека се уредно поднесени и ги потврдила.

ДИК најави дека на тројцата кандидати за претседател на државата ќе им подготви решенија за потврдување на поднесените листи.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

XS
SM
MD
LG