Достапни линкови

Трамп- да се признае суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е време да се признае израелскиот суверенитет врз Голанската висорамнина, територија што Израел ја одзеде од Сирија за време на војната на Блискиот Исток во 1967 година.

"По 52 години, време е САД целосно да го признаат правото и суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина, што е од клучна стратешка и безбедносна важност за Израел и регионалната стабилност", напиша Трамп на Твитер.
Признавањето на контроверзната област ќе значи пресвртница во американската политика седум дена пред доаѓањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.

Веќе некое време, Нетанјаху бараше САД да го признаат суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина.

XS
SM
MD
LG