Достапни линкови

Ферибот се преврте во Ирак, над 70 загинати


Операции за спасување откако ферибод потона во реката Тигар во северен Ирак.

Најмалку 71 лице загинаа откако преполн ферибод потона во реката Тигар во северен Ирак, објавија локалните власти. Трагедијата се случи денеска во близина на градот Мосул за време на прославата по повод одбележувањето на Норуз, пред-исламска персиска нова година. Полковникот Хусам Калил, шеф на цивилната одбрана во провинцијата Ниневија, изјави дека многу од загинатите се жени и деца. Тој додаде дека операциите за спасување сѐ уште се во тек.

Извештаите велат дека бродот бил преполн со мажи, жени и деца кои се движеле кон туристичката област која е дел од локациите за прославите на Норуз. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, генерал-мајор Саад Ман, рече дека 55 лица се спасени. "Бродот потонал, бидејќи имало многу патници на бродот - повеќе од 100", изјавил неизвесен официјален претставник за обезбедување со седиште во Мосул.

Ирачкиот премиер Адел Абдел Махди нареди истрага за несреќата, соопшти неговата канцеларија.

XS
SM
MD
LG