Достапни линкови

Општина Сарај нема да ги легализира дивите платформи на Матка


Илустрација.Кајакарска патека Матка на реката Треска во близина на Скопје

Општина Сарај нема да ги легализира дивите платформи на Матка, но не може ниту да ги урне бидејќи имаат барање за легализација. Ова на денешната средба со медиумите го истакна градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

" Ова е стар проблем со Матка и не случајно Општината е единствениот орган, институција што прва се изјасни дека има три бесправни објекти во вид на платформи. Уште во првата изјава кажав дека не сум склон на легализација бидејќи мислам дека не ги исполнуваат
условите за легализација, но сепак мора да ја зачуваме постапката", изјави Беџети.

Според него, само тоа не е проблемот во Матка и убеден е дека и во иднина ќе има, како што вели, натегање за надлежностите во Матка.

Државната комисија за спречување на корупција отвори нов предмет по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и најави деќа ќе бараат информации, односно документи од Општината Сарај. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како
што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

XS
SM
MD
LG