Достапни линкови

СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство


Седиштето на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги осудат и денеска застана во одбрана на насилствата од 27 април, а тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на денешното соопштение на опозициската партија во кое вели дека пресудите за 27 април „се резултат на политички прогон.“

Од СДСМ велат дека 27 април е еден од најтрагичните датуми од независноста и дека „само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да осудуваат насилството.“

„Денес обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните и во служба на законите и правдината“, велат од СДСМ.

Претходно, генералниот секретат на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција изјави дека “драконските казни“ за настаните од 27 април во Собранието „се последица на политички процес во пресрет на изборите.“

За насилствата од 27 април во Собранието, денеска беа осудени 16 лица на кои им беа изречени вкупно 211 години затвор.

XS
SM
MD
LG