Достапни линкови

Вуцис-Димитров: Договорот од Преспа го отвори патот за пријателство меѓу двете земји


Никола Димитров и Николаос Вуцис, претседател на грчкиот Парламент

Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателство, сојузништво и сoработка во сите области, пат по кој веќе чекорат двете соседни земји, порачаа претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров на нивната денешна средба во Атина.

Вуцис и Димитров разговарале за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. Претседателот на грчкиот Парламент изјави дека договорот има историски карактер “не само затоа што дава можност да свртиме страница, туку е и меѓународен пример за решавање на проблемите”, додека, пак, Димитров истакна дека “се наоѓаме на правилната страна од историјата”.

“Ратификуваниот Договор од Преспа во содржината и духот ги има сите одредби за да го отвори патот по кој веќе чекориме за да постои пријателство, соработка, сојузништво и партнерство меѓу двете земји и меѓу грчкиот народ и народот од Северна Македонија”, изјави Вуцис.

Димитров потенцираше дека со Договорот од Преспа се отвори огромен потенцијал во односите меѓу двете земји и истакна дека е важно да се убеди секој граѓанин, и во Грција и во Северна Македонија, “дека ова беше правилната работа и дека сме природни сојузници”.

XS
SM
MD
LG