Достапни линкови

Тачи: На секоја закана од Србија ќе одговориме со војска и полиција


Јас сум врховен командант на Безбедносните сили на Косово (ФСК). Косово ќе одговори директно на секоја закана од Србија. Ќе одговориме со војска и со полиција. Како една нација, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова и го повика Белград да престане, како шт нагласи, со воинствената реторика.

Тачи потенцираше дека Косово ќе одговори директно на секоја закана што може да дојде од Србија.

„Ќе бидеме бескомпромисни во одбраната на нашиот интегритет и независноста. Поделбата на Косово е стара српска идеја. Тоа нема да се случи, јасно ви кажувам“, рече Тачи во интервјуто.

XS
SM
MD
LG